SportM
Фудбал

Паузата повторно кобна за Тотенхем, заразени двајца играчи

Д М16 окт 2021
Паузата повторно кобна за Тотенхем, заразени двајца играчи

Двајца играчи на Тотенхем беа заразени со коронавирус, потврдено е на тестирање пред натпреварот со Њукасл.

Имињата на позитивните играчи не се познати, но се знае дека тие нема да бидат во тимот најмалку три натпревари – против Њукасл, Витес и Вест Хем – бидејќи ќе имаат најмалку десет дена изолација.

Клубот е убеден дека инфекцијата нема да се прошири, но ситуацијата мора да се следи во наредните денови.

Менаџерот Нуно Еспирито Санта повторно доби голема главоболка од репрезентативната пауза. Минатиот пат, тројца јужноамерикански играчи мораа да поминат десет дена во карантин во Хрватска, додека неколку од нив се вратија во Лондон повредени.

Сега,  Ромеро, Џовано ло Селсо, Давинсон Санчез и Емерсон Ројал доцнат со враќањето од Јужна Америка, а прашање е дали ќе бидат во конкуренција за тимот против Њукасл.

„Секогаш имаме некои проблеми по репрезентативната паузата на репрезентацијата. Сепак, нема да зборуваме за нив пред натпреварот“, изјави тренерот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.