Павар или Фојт ќе ја зајакнат најсилната одбрана во Европа?!

Фудбалскиот клуб Барселона нема да го продолжи договорот со Ектор Белерин и Каталонците на лето ќе се обидат да доведат нов десен бек.
Како опција се споменува Жоао Кансело, но тој е прескап, а првите желби на Чави Ернандез се – Хуан Фојт и Бенџамин Павар.
Аргентинецот летово беше поврзуван со Барса, но Виљареал инсистираше на клаузула од 42 милиони евра, која Каталонците не можеа да ја платат.
Павар ќе биде поевтина опција, бидејќи Французинот е незадоволен од својот статус во Баерн и практично има договор со клубот да си замине на лето, кога ќе влезе во последната година од договорот.
Желбата на Павар е да игра како стопер, па останува да се види дали ќе попушти на таа идеја доколку Барселона го повика.
Фојт и оваа сезона блеска во дресот на Виљареал, неодамна го стави Винисиус Јуниор во џеб и покажа огромен напредок во последните две сезони.
Не треба да заборавиме дека Барселона статистички ја има најсилната одбрана во Европа со само шест примени гола во Ла Лига, а дека Жил Кунде и Андреас Кристенсен заедно со неверојатниот скок на Алехандро Балде покажаа дека се идеални покрај Роналд Араухо.
Интересно е што Барса со четворицата на теренот во истиот момент сепак не прими гол.



