SportM
Фудбал

Пеколното полувреме на Рома беше доволно за триумф против Емполи

Д М23 јан 2022
Пеколното полувреме на Рома беше доволно за триумф против Емполи

Во 23. коло од Серија А, Емполи ја пречека Рома, а Римјаните славеа со 2:4.

Рома брилијантно влегува во натпреварот, а избраниците на Жозе Мурињо за 13 минути постигнаа четири гола.

За 0:1, Абрахам погоди во 24. минута на асистенција на Оливеира, а на 0:2 зголеми Манчини со голот во 33. минута.

Се играше во 35. минута кога Оливеира погоди за Заниоло и веќе беше 0:3.

Потопот на Емполи во првото полувреме го потврди голот на Заниоло во 37. минута на асистенција на Мхитарјан.

Подолу се будат домаќините.

Се играше во 55. минута кога Пинамонти на асистенција на Бандинели ја намали предноста на Рома на 1:4.

Во вториот дел како на терен да излезе уште еден тим на Емполи. Одиграа одлично, а во 72. минута Бајрами погоди за 2:4 на додавање на Хендерсон.

До крајот на натпреварот Емполи имаше уште неколку можности, па Рома можеше да направи вересија, но на крајот три бода му припаднаа на Рим со конечни 2:4.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.