SportM
Ракомет

Пелистер го победи Вардар во дербито на ракометната Суперлига

Редакција15 дек 2024
Пелистер го победи Вардар во дербито на ракометната Суперлига

Пелистер славеше во вечното дерби против Вардар со 35-33 (22-13) во 15. коло од ракометната Суперлига.

Вардар имаше катастрофално прво полувреме по кое имаше негатива од девет гола. Во второто полувреме „црвено-црните“ се разбудија, па на крајот стигнаа и до минус еден негатива (34-33). Сепак, Радивојевиќ постигна важен гол за 35-33, а гостите направија грешка која на крајот им донесе победа на битолчани.

Натпреварот со 13 реализации го заврши Богдан Радивојевиќ, а кај битолчани осум постигна Кузмановски. Во таборот на Вардар со девет гола се истакна Младен Крсманчиќ, додека Стефан Петриќ постигна шест.

Вардар и Пелистер имаат по 26 бодови по 15 одиграни кола, додека на чело е Алкалоид со 28 поени. Оваа победа сепак не беше доволна за шампионот да стекне подобар меѓусебен дуел од скопскиот тим.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.