Пелистер во финалето на ракометниот Куп на Македонија
Редакција17 мај 2024

Ракометниот клуб Пелистер се пласираше во финалето на Купот на Македонија откако славеше со 29:33 (13:16) против Тиквеш.
Битолчани ја оправдаа фаворитската улога, но се помачија за да дојдат до победата.
Радивојевиќ со десет голови беше најдобар во составот на Пелистер, Кузмановски даде пет, по четири реализираа Тајник и Пешевски.
За Тиквеш, Симиќ и Мијатовиќ дадоа по пет гола.
Во битката за трофејот, Пелистер ќе ги измери силите со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид.
Нивниот натпревар се игра утре со почеток од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



