Пенал го реши историското финале на Купот на кралот!

Реал Сосиедад е освојувач на Купот на кралот за сезоната 2019/2020, откако минимално го победи Атлетик Билбао со 1-0.
Двајцата лути баскиски ривали го одиграа последниот натпревар скоро една година подоцна, сето тоа поради коронавирусот, бидејќи се надеваа дека ќе добијат зелено светло за присуството на публиката.
На крајот, натпреварот на стадионот Ла Картуја во Севилја се одигра без гледачи, а победникот беше решен во 63-та минута. Микел Ојарзабал успешно го реализираше пеналот.
Реал Сосиедад го освои својот прв голем трофеј по повеќе од три децении чекање. Ова е трет Куп на кралот во историјата на клубот, прв од 1987 година.
Натпреварот ќе остане запаметен по тоа што ова е прво финале на Купот на кралот во кое судеше жена, станува збор за 34-годишната Гвадалупе Порас која имаше улога на асистент.



