SportM
Фудбал

Пеп го прашаа за неверојатниот Халанд, се сети на Меси!

Д М23 окт 2022
Пеп го прашаа за неверојатниот Халанд, се сети на Меси!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска доби интересно прашање за Ерлинг Халанд, а не можеше да одговори без да го спомене Лионел Меси.

Манчестер Сити го победи Брајтон со 3:1. Два гола постигна феноменалниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд и со тоа стигна до бројката од 22 гола на 15 натпревари оваа сезона.

По мечот со Брајтон, новинарот се интересираше за мислењето на Пеп Гвардиола за статистиката и настапите на прекрасниот Норвежанец.

На прашањето „Дали Ерлинг Халанд е најкомплетниот напаѓач што некогаш го тренирал?“, Гвардиола имаше интересен одговор.

„А Меси?“, со насмевка го праша менаџерот на Сити новинарот, а потоа продолжи:

“Неговите бројки се неверојатни. Нема сомнеж за неговите квалитети. Ако не е најдобар тогаш е еден од најдобрите, тоа е сигурно”, изјави Гвардиола.

Пеп отсекогаш го издвојуваше Лионел Меси како човекот кој е најдобриот фудбалер што некогаш успеал. Го цени Халанд, но неодамна објави дека Норвежанецот има една мана.

„Тој еднаш рече дека би сакал да ја допре топката и да постигне пет гола. Не ми се допаѓа тоа. Сакам да биде вклучен што е можно повеќе и да има контакт со топката. Сакам да го добие она чувство што може може да се има само кога некој фудбалер ја има топката во своите нозе“, изјави Пеп Гвардиола.

И бројките на Халанд се навистина неверојатни. Од 22 гола сезонава, 17 беа постигнати во Премиершип и доколку продолжи вака ќе ги собори сите можни рекорди.

Норвежанецот изгледа незапирливо и прашање е само со колку голови ќе ја заврши оваа сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.