Пеп изненади со одговорот на прашањето дали Агуеро е најдобриот напаѓач на светот

Серхио Агуеро забележа одличен настап во победата на Манчестер Сити над Астон Вила (6:1), па Аргентинецот стана еден од главните теми на прес-конференцијата по натпреварот.
Пеп Гвардиола беше запрашан дали Агуеро е најдобриот напаѓач на светот, но тој ги изненади сите велејќи:
„Не, Меси е најдобриот“,
Тогаш новинарот посочи дека Агуеро сепак може да биде најдобриот „девет“, но Пеп повторно одговори:
„Меси е најдобриот број 9, 10, 11, 6, 4…“.
И на овој начин, Пеп покажа голема почит кон неговиот поранешен играч, кој е секако еден од најдобрите на сите времиња.
Агуеро, сепак, со денешните ри гола стана играчот со најголем број на хет-трикови во Премиер лигата (12), надминувајќи го легендарниот Ален Ширер. Исто така, тој е петти стрелец во Премиер лигата на сите времиња.
На таа листа зад себе го остави Тиери Анри, а сега го напаѓа Френк Лампард.
A reporter asked Guardiola if Aguero was the best striker he has ever coached. The answer is always Messi. pic.twitter.com/qVvj3umbrx
— ESPN FC (@ESPNFC) January 12, 2020



