Пеп опериран, Сити мора да биде без него
Д М22 авг 2023

Манчестер Сити во следните два натпревари ќе биде без менаџерот Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стручњак нема да биде во близина, бидејќи имаше операција на грбот.
Долго време страдаше од силни болки во грбот, па мораше да отпатува во Барселона на итна операција.
„Му посакуваме на Пеп брзо закрепнување. Со нетрпение очекуваме да го видиме наскоро во Манчестер“, објавија од клубот.
Гвардиола ќе ги пропушти натпреварите против Шефилд Јунајтед и Фулам во Премиер лигата. Неговото враќање на работа се очекува по репрезентативната пауза.
Сити одлично ја отвори Премиер лигата, со победи против Барнли и Њукасл во воведните две кола. Помеѓу тие два натпревари го освои Суперкупот на Европа против Севиља во Атина.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



