SportM
Фудбал

Перез ги разочара навивачите за Мбапе и Халанд

Д М22 апр 2021
Перез ги разочара навивачите за Мбапе и Халанд

Ништо од Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез стави крај на соништата на навивачите на Мадрид да имаат еден од нив во тимот.

Тој вели дека пандемијата го направила своето и дека е невозможно една од нив да се купи во неверојатни бројки кога клубовите страдаат економски.

„Генерално, нема да има големи трансфери ова лето“, рече тој.

Според Перез, Европската Супер лига можеше да им овозможи на нив и на многу други големи трансфери, но таа идеја беше изгасната по 48 часа.

„Невозможно е да се размислува за купување на Мбапе и Халанд без Суперлигата и ова не важи само за Реал. Тоа е општ дискурс. Мислам дека никој нема да се убие ако Мбапе не пристигне следното лето, навивачите знаат дека даваме се од себе и дека ако некои работи не се случат, тоа е затоа што се високи бројките”.

Мабпе е голема желба на Реал веќе подолго време, но ПСЖ го „киднапираше“ во 2017 година за 180 милиони евра и сега не сака да се прости од него.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.