SportM
Фудбал

Перез го става Иско на продажба

Д М30 окт 2019
Перез го става Иско на продажба

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го стави на продажба играчот од средниот ред, Иско.

Според шпанските медиуми, Флорентино се надева дека ќе го продаде Иско во текот на зимскиот термин.

Според некои извештаи, Шпанецот има понуди од Тотенхем, Јувентус и Наполи.

Перез побара 70 милиони евра за играчот, кој не е во можност да се најде во составот на Зидан.

Покрај овие екипи, интерес покажа и Манчестер Сити, бидејќи тренерот Пеп Гвардиола е обожавател на играчот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.