SportM
Фудбал

Перез избра нов тренер на Реал, доаѓа од Италија!

Д М8 мај 2021
Перез избра нов тренер на Реал, доаѓа од Италија!

Дали Зинедин Зидан ќе остане или нема да остане на клупата на Реал, ќе се знае на крајот на сезоната. Шпекулациите за можно заминување започнаа по испаѓањето од Челзи во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Флорентино Перез веќе размислува за следниот чекор, а како што обично се случува кога станува збор за Реал, медиумите веќе почнуваат да поврзуваат разни тренери со кралскиот клуб.

Вестите од Италија велат дека Перез одлучил следниот тренер на популарните Лос Бланкос да биде Масимилијано Алегри, секако еден од најдобрите експерти во светот.

Алегри е на радарот на Перез со години, а наводно веќе е постигнат договор меѓу двете страни и сега ја чека „најважната клупа“ на светот.

Додека го водеше Јувентус, 53-годишникот неколкупати водеше натпревари против Реал Мадрид. Имаше успеси и неуспеси. Секако најболното финале во Лигата на шампионите е поразот од 4:1 во 2017 година.

Алегри е без работа веќе две години, тој се поврзуваше со враќање во редовите на Старата дама, но засега нема да има ништо од тоа бидејќи Андреа Пирло сепак има доверба од управата на клубот.

Од друга страна, Зидан има желба да биде селектор на Франција и наводно тоа може да се постигне по Европското првенство.

Мундо Депортиво ја објави веста пред неколку дена дека во соблекувалната на Реал Мадрид имаат чувство дека легендарниот Французин го напушта клубот на крајот од сезоната затоа што се однесува како пред неколку години кога ја напушти тренерската позиција.

Зидан постигна навистина одлични резултати со Реал Мадрид и очигледно е дека тој сака нов предизвик во кариерата. Тој неодамна призна дека неговиот сон е еден ден да ја предводи репрезентацијата на Франција.

“Француската репрезентација е целта и јас тоа го реков кога започнав да тренирам пред десет години. Сепак, јас сум сè уште во Реал и ќе видиме што ќе се случи во иднина”, изјави неодамна Зидан.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.