Перез зборуваше за Мбапе, па ги „коригираше“ работите: „Грешно ме цитираа“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за потенцијалното доаѓање на Килијан Мбапе во клубот.
Францускиот фудбалер вчера во изјава за РМЦ рече дека побарал од ПСЖ да си замине во летниот преоден рок и дека не сака да го продолжи договорот со клубот.
ПСЖ залудно му нуди многу пари за да ја продолжи соработката, Мбапе од јануари може да преговара со други клубови, а сигурно е дека во иднина 22-годишниот напаѓач ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
Веќе во јануари, се можеше да биде јасно, а шпанските медиуми ја пренесоа изјавата на Перез во која тој наводно рекол:
“Ќе имаме вести за Мбапе во јануари. Се надевам дека се ќе биде решено на 1 јануари”.
Сепак, во интервју за РМЦ, Перез негираше дека кажал нешто за Мбапе за јануарскиот преоден рок.
“Моите зборови за Мбапе беа погрешно изговорени. Реков дека ќе треба да почекаме до следната година за да знаеме нешто повеќе. Имам целосна почит кон ПСЖ и одлична соработка со овој клуб”, изјави Перез за РМЦ.
Мбапе очигледно ќе игра за Реал Мадрид, тимот за кој сонуваше уште од неговите први фудбалски чекори.



