Томе Главчев, бизнисмен од Гевгелија е новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој доаѓа на местото на Перо Антиќ, а на денешното вонредно собрание одржано во „Борис Трајковски“ беше единствениот кандидат. Освен што е бизнисмен, Главчев е долгогодишен кошаркарски работник и спонзор. На собранието беше избран едногласно. Тој ќе биде 11-тиот претседател на КФМ.