SportM
Фудбал

Пет мечеви на Вардар во Анталија, ова се противниците

E R30 дек 2024
Пет мечеви на Вардар во Анталија, ова се противниците

Фото: tv21m

Македонскиот фудбалски прволигаш Вардар ќе ги почне подготовките за вториот дел од сезоната на 18 јануари во Анталија.
Како што е соопштено денеска, фудбалерите на Вардар за време на тринеделните подготовки во Турција ќе одиграат пет пријателски натпревари.
Првиот е закажан за 22 јануари против казахстански Актобе, по што ќе уследат дуелите против Иверија (Грузија), Верес (Украина), Чаквар (Унгарија) и завршниот против австриски Рапид на 5 февруари.
„Црвено-црните во Анталија ќе го одработат главниот дел од подготовките, а покрај самиот процес на тренинзи, екипата ќе одигра и низа на пријателски натпревари, кои секако дека ќе придонесат кон подобро воигрување на тимот, пред почетокот на втората полусезона од ПМФЛ“, се наведува во клупското соопштение.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.