Петковски оптимист пред соседското дерби со Вардар
Д М22 сеп 2018

Екипата на Работнички го пречекува Вардар вечер со почеток во 19 часот во градското дерби со кое ќе биде отворено шестото коло од домашниот шампионат.
Поранешниот вардарец Петар Петковски, кој сега е член на Работнички очекува возбудливо дерби.
– Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал. Таму минав одлични мигови, но сега сум член на Работнички и максимално мотивиран го очекувам дербито. Мечевите меѓу овие два тима секогаш нудат допадлив и возбудлив фудбал, се надевам дека така ќе биде и овој пат. Посакувам на крајот ние да се радуваме, вели Петковски.
По пет рунди во ПМФЛ, Вардар е трет со 11 бода, Работнички четврти со девет.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



