SportM
Фудбал

Пикси за Влаховиќ: Требаше да остане во Фиорентина за да игра за репрезентацијата

Д М30 мај 2022
Пикси за Влаховиќ: Требаше да остане во Фиорентина за да игра за репрезентацијата

Репрезентацијата на Србија во јуни се очекува да одигра четири натпревари од Лигата на нации.

На 2 јуни Норвешка ќе пристигне во Белград, три дена подоцна ќе пристигне Словенија, по што ќе следуваат гостувања во Шведска и Словенија.

Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси минатиот петок објави скратен список на фудбалери, а на него поради повреда го нема Душан Влаховиќ.

 

Тој не беше на последниот собир на репрезентацијата, односно откако се пресели во Јувентус, а селекторот реши да се пошегува на тоа.

 

„Изгледа мораше да остане во Фиорентина за да игра за репрезентацијата (се смее). Бев во контакт со лекарите од неговиот клуб, има проблем со болки во препоните. Затоа го нема“, објасни Стојковиќ.

Да потсетиме, Србија на Мундијалот се пласираше во група со Бразил, Швајцарија и Камерун.

Список на Србија за натпреварите од Лигата на нации

 

Голмани: Предраг Рајковиќ (Рејмс), Марко Дмитровиќ (Севиља), Вања Милинковиќ Савиќ (Торино), Марко Илиќ (Кортријк).

 

Одбрана: Стефан Митровиќ (Хетафе), Никола Миленковиќ (Фиорентина), Матија Настасиќ (Фиорентина), Страхиња Ераковиќ (Црвена Звезда), Милош Вељковиќ (Вердер Бремен), Страхиња Павловиќ (Базел), Алекса Терзиќ (Фиорентина), Ерхан Машовиќ (Бохум).

 

Среден ред: Иван Илиќ (Верона), Саша Лукиќ (Торино), Урош Рачиќ (Валенсија), Немања Максимовиќ (Хетафе), Немања Гудељ (Севиља), Марко Грујиќ (Порто), Филип Младеновиќ (Легија), Михаило Ристиќ (Бенфика), Дарко Лазовиќ (Верона), Немања Радоњиќ (Бенфика), Андрија Живковиќ (ПАОК), Филип Костиќ (Ајнтрахт), Филип Ѓуричиќ (Сасуоло), Сергеј Милинковиќ Савиќ (Лацио), Душан Тадиќ (Ајакс).

 

Напад: Александар Митровиќ (Фулам), Лука Јовиќ (Реал Мадрид), Ѓорѓе Јовановиќ (Макаби Тел Авив).

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.