Connect with us

Фудбал

Пиоли и Милан договорија продолжување на соработката?

Милан преговара со тренерот Стефан Пиоли за нов договор.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Пиоли е подготвен да остане во клубот и дека и раководството на Милан има план за продолжување на соработката, по добрите резултати на овој клуб во последно време.

Росонерите после долго време успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите, а таму иако не бележат најдобри резултати, заедно со Наполи се на врвот во Серија А.

Стратегот ќе потпише нов договор со Милан до 2024 година, а Пиоли ќе заработува и 3,5 милиони евра годишно плус дополнителни бонуси.

Датумот кога ќе биде потпишан новиот договор меѓу двете страни се уште не е познат, но се очекува тоа да се случи следната недела.

Реклама

Facebook

Реклама