SportM
Фудбал

Пиоли разочаран по веројатната загуба на титулата

Д М25 јан 2023
Пиоли разочаран по веројатната загуба на титулата

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е разочаран од настапот на неговиот тим на натпреварот против Лацио во 19. коло во Серија А.

Актуелниот шампион на Италија синоќа беше поразен на гостувањето во Рим со дури 4:0 . Точно на половина од сезоната, Милан е втор на табелата со 38 бодови, што е дури 12 помалку од водечкиот Наполи, па шансите за одбрана на „скудетото“ се сведени на минимум.

„Мораме веднаш да тргнеме на работа, бидејќи е јасно дека не пружаме игри според нашите можности. Многу работи не функционираат во Милан во моментов. Менталитетот, тактички работи, затоа што многу даваме на голови во ситуации кои требаше да ги решиме поинаку. Тука сум затоа што морам да зборувам пред вас. Во спротивно, би работеле во тишина“, рече Пиоли.

Ваков тежок пораз фудбалерите на Милан немаат доживеано од декември 2019 година кога загубија од Аталанта со 5:0.

„Ова е деликатен момент. Јасно е дека во последните две недели не играме добро, што се одрази и на резултатите. Како што реков, мораме подобро, и затоа мора да работиме повеќе. Главниот проблем е играта без топка. Нема добра покриеност, не сме агресивни, а комуникацијата мора да биде подобра“, заклучи Пиоли.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.