Пирло го објави својот дебитантски состав на клупата на Јувентус и веднаш ја изненади јавноста
Д М20 сеп 2020

Новата сезона играчите на Јувентус ќе ја започнат вечерва со натпревар на домашен терен против Сампдорија.
Старата дама овојпат влегува во сезоната како актуелен шампион на Италија, а мечот во Торино е во центарот на вниманието бидејќи Андреа Пирло вечерва ќе дебитира на клупата на Јувентус.
Натпреварот на стадионот „Алијанц“ се игра од 20:45 часот, а тренерите на двата тима ги открија почетните состави.
Пирло веднаш ги изненади сите вметнувајќи ги младите Вестон Мекени и Џанлука Фработа во почетниот состав.
Јувентус: Шчесни, Данило, Бонучи, Киелини, Квадрадо, Ремзи, Рабиот, Мекени, Фработа, Кулушевски, Роналдо.
Сампдорија: Аудеро, Берешински, Тонели, Колеј, Агудело, Депаоли, Торсби, Екдал, Лерис, Јанкто, Боназоли.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



