SportM
Фудбал

Пирло вчера беше изненаден со Мората, а денес на тренингот доби уште подобро „изненадување“

Д М23 сеп 2020
Пирло вчера беше изненаден со Мората, а денес на тренингот доби уште подобро „изненадување“

Андреа Пирло ја започна својата тренерска кариера со убедлива победа над Сампдорија. Јувентус воодушеви во првото коло од новата сезона и славеше со 3:0.

За Пирло на клупата, вистинските предизвици допрва следуваат, а првиот е во недела кога „Старата дама“ ќе биде домаќин на Рома и на спротивната страна ќе го има несуденото засилување, Един Џеко.

Пирло бараше напаѓач во последните неколку недели, а го доби вчера во форма на Алваро Мората, а на денешниот тренинг беше пречекан со уште подобро изненадување.

Имено, Пауло Дибала одработи комплетен тренинг со соиграчите по незгодната повреда на бутниот мускул и ќе биде во конкуренција за дербито со „Волчицата“.

Дибала е еден од најдобрите играчи во Серија А и сигурно ќе биде големо засилување за Јувентус во текот на сезоната, и ќе биде интересно да се види како Пирло планира да го користи.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.