Пјаниќ и Умтити во моментов прават голем проблем за Барселона и Агуеро

Пјаниќ и Умтити во моментов прават голем проблем за Барселона и Агуеро
Агуеро пристигна во каталонскиот клуб без отштета откако му истече договорот со Манчестер Сити, најмногу затоа што мислеше дека ќе игра во тим со Лионел Меси.
Тој не криеше дека во Барселона дојде најмногу поради Меси, а беше шокиран кога неговиот сонародник го напушти клубот и отиде во ПСЖ.
За да бидат работите уште полоши, Агуеро се повреди непосредно пред почетокот на сезоната, и ќе биде надвор од терените до ноември.
Барселона се уште не го регистрирала, и планираат да го сторат тоа кога ќе се опорави целосно. Се очекуваше дека ќе биде регистриран кога ќе има други засилувања, но тоа не беше можно.
Имено, поради финансиски проблеми, Барселона едвај успеа да ги регистрира Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Емерсон, благодарение на Жерар Пике, кој се согласи на намалување на платата.
Агуеро се уште не е регистриран, а мадридски АС пишува дека тоа е најмногу затоа што Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити се уште не го напуштиле клубот.
АС објави дека Агуеро не може да биде регистриран како играч на Барселона се додека Умтити и Пјаниќ се во клубот, но има друго решение за овој проблем.
Имено, Барселона Агуеро може да се регистрира доколку Жорди Алба и Серхио Бускетс се согласат за намалување на платата, што е веќе објавено. Во тој случај, Агуеро ќе може да биде регистриран без разлика дали Пјаниќ и Умтити ќе останат во клубот или не.



