Плачеше на клупата како мало дете, еве зошто Меси не го доигра финалето на Копа Америка
Редакција15 јул 2024

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси се повреди во финалето на Копа Америка против Колумбија.
Триесет и седумгодишниот фудбалер падна на земја во 64. минута и не можеше да ги задржи солзите од болка. Пред ова, на крајот од првото полувреме, фудбалерот се судри со колумбискиот дефанзивец Сантијаго Аријас, по што долго време лежеше на тревникот стегајќи го зглобот, но го продолжи натпреварот.

Во 66. минута Меси го напушти теренот во придружба на лекар.
По замената, Меси остана на клупата на репрезентацијата на Аргентина и продолжи да го следи натпреварот. На десниот глужд му беше залепена облога со мраз и тој сè уште плачеше од болка.
Аргентина победи и по 15. пат ја освои Копа Америка.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



