Платини: Дибала повеќе личи на Марадона отколку на мене

Поранешниот херој на Јувентус, Мишел Платини смета дека аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала повеќе личи на Диего Марадона отколку на него.
Платини освои две титули во Серија А, трофеј во Купот на Италија и по еден во Европскиот куп, Суперкуп на Европа и Интерконтинентален Куп, во текот на неговите пет години во Торино и се повлече како победник на три златни топки и три златни копачки во Италија
Се вели дека Дибала личи на него, но 65-годишниот – некогаш претседател на УЕФА – смета дека Дибала всушност наликува на легендата на Наполи, Марадона.
„Неговиот стил наликува на оној на Омар Сивори. Но, тој повеќе личи на Марадона отколку на мене“, изјави Платини за „Кориере дело Сера“.
„Не велам дека тој го има талентот на Марадона, бидејќи неговиот е доволен за него“, додаде тој.



