SportM
Фудбал

ПМФЛ: Силекс и Академија Пандев ремизираа на отворањето на 4. коло

Д М28 авг 2022
ПМФЛ: Силекс и Академија Пандев ремизираа на отворањето на 4. коло

– Премиерниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) донесе поделба на пленот, откако фудбалерите на Силекс и Академија Пандев одиграа попладнево во Кратово нерешено 1-1 (1-1).

Домашниот тим дојде во водство во 37 минута преку Обадовиќ, а гостите од Струмица го израмнија резултатот шест минути подоцна преку Велиновски.

Мрежите мируваа во вториот дел за поделба на бодовите, со што Силекс моментно е второпласиран со осум бодови, а Академија Пандев е две места подолу на табелата со четири бодови.

Преостанатите четири натпревари се на програмата утре, а дербито се игра во Струмица каде Шкендија ќе ги пречека фудбалерите на Струга.

Штипска Брегалница е домаќин на Македонија Ѓорче Петров, Работнички го пречекува Тиквеш, додека во градската пресметка Скопје пред своите гледачи ќе игра против актуелниот првак Шкупи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.