По Азар и Марсело ќе го пропушти и „Ел Класико“
Д М5 дек 2019

Набргу откако се дозна дека Еден Азар ќе отсуствува од „Ел Класико“ поради повреда, шпанските медиуми јавуваат дека дури и левиот бек Марсело е под прашалник за натпреварот на 18 декември на „Камп Ноу“.
Бразилскиот дефанзивец претрпе повреда и сега е во трка со времето за да се опорави за да не го пропушти натпреварот против Барселона.
Марсело немаше среќа со повреди оваа сезона, доживеа четири досега оваа сезона.
Првата резултираше со четири промашени натпревари, против ПСG, Осасуна, Севиља и Атлетико Мадрид.
Потоа, повредата во октомври што го спречи да игра против Гранада, а на 7 ноември се здоби со повреда и ја промаши средбата со Еибар.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



