Connect with us

Фудбал

По кој знае кој пат сезонава по голем кикс на Онана, Манчестер Јунајтед прима гол, за среќа не загуби (ВИДЕО)

Синоќа се одиграа првите натпревари од четвртфиналето на Лига Европа, а во дербито на вечерта видовме реми меѓу Лион и Манчестер Јунајтед во Франција, каде резултатот во одличен натпревар беше 2:2.

Натпреварот го одбележа уште една грешка на голманот на „ѓаволите“, Андре Онана, кој беше директно одговорен за еден од погодоците на Лион, но и покрај тоа англискиот тим успеа да постигне поволен резултат во пресрет на реваншот на домашен терен. Грешката се случи во 26. минута, кога Тиаго Алмада нафрли од слободен удар дијагонално од лево, а топката поради погрешна проценка на камерунскиот голман заврши во мрежата.

Тоа не го чинеше Јунајтед пораз, бидејќи Лени Јоро израмни во судиското надополнување на првото полувреме со асистенција на Мануел Угарте. Целосен пресврт за Јунајтед дојде во 88. минута кога Џошуа Зиркзе погоди за 2:1 на прекрасната асистенција на Бруно Фернандеш. Возбудувањата не завршија тука, бидејќи Рајан Черки во последните моменти ги врати работите на почеток и го израмни резултатот на 2:2.

Резултати ЛЕ:

Бодо/Глимт – Лацио 2:0

Лион – Манчестер Јунајтед 2:2

Ренџерс – Атлетик Билбао

0:0 Тотенхем – Франкфурт 1:1