SportM
Фудбал

По Марсело и Хамес, во Олимпијакос пристигнаа уште две големи засилувања

Д М15 сеп 2022
По Марсело и Хамес, во Олимпијакос пристигнаа уште две големи засилувања

Раководството на Олимпијакос одлично се снајде во преодниот рок оваа сезона.

Имено, тие го доведоа Марсело кој како слободен играч си замина од Реал Мадрид, но тука не застанаа со засилувања.

Тие во последните моменти од преодниот рок го потврдија доаѓањето на Џејмс Родригез, фудбалер кој настапуваше и во Реал Мадрид.

Сепак, ниту тука не заврши нивниот одличен преоден рок. Најпрво се беше договорено со Седрик Бакамбу, кој дресот на Марсеј ќе го замени со дресот на Олимпијакос.

Се чинеше дека тука ќе биде крајот, навивачите беа пресреќни поради тимот кој сега го има тимот за кој навиваат.

Но, тогаш, управата заврши уште една одлична работа. Имено, преговорите со Хофенхајм околу нови засилувања завршија многу брзо.

Станува збор за Диади Самасеко, кој на тој начин од Хофенхајм ќе се пресели во Олимпијакос, а прашање на време е кога ќе се официјализира овој трансфер.

Трансферот Фабрицио Романо исто така го потврди трансферот.

Олимпијакос треба да комплетира уште едно засилување по Џејмс Родригез и Седрик Бакамбу: договорот е направен за Диади Самасеку да се приклучи од Хофенхајм.

Навистина феноменален преоден рок за екипа од Грција која сега ќе го има најсилниот тим во Грција.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.