SportM
Фудбал

По неуспехот со Родри, поранешниот играч на Барселона може да заврши во Реал Мадрид

SPORTM.mk21 авг 2026
По неуспехот со Родри, поранешниот играч на Барселона може да заврши во Реал Мадрид

По неуспехот во трансферот на Родри, Реал Мадрид разгледува други алтернативи за средниот ред. Според експертот за трансфери, Екрем Конур, едно од имињата кои Реал Мадрид неодамна ги следи е и Нико Гонзалез.

Трансфериран со голема помпа од Порто во Манчестер Сити во јануари 2025 година за 60 милиони евра, шпанскиот играч за врска не успеа да биде недискутативен стартер во Сити. Сепак, интересот на Реал Мадрид може да ја промени кариерата на 24-годишникот.

Покрај интересот на Реал Мадрид за шпанскиот играч за врска има интерес и од Њукасл. Пазарната вредност на Гонзалез изнесува 40 милиони евра според Трансфермаркт. Гонзалез ја покрива истата позиција како Родри, односно дефанзивен играч за врска. Тој излезе од академијата на Барселона и беше дел од првиот тим на Каталонците, но поради големата конкуренција реши да се трансферира во Порто, а потоа во Сити.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.