Connect with us

Фудбал

По огласувањето на Миралем Пјаниќ на Инстаграм, пристигна фантастична порака од Барселона

Миралем Пјаниќ тестираше позитивно на коронавирусот, што го потврди и Барселона.

Каталонскиот клуб објави дека Пјаниќ вчера тестираше и дека за жал е позитивен. Но, најважно е што тој се чувствува добро, и дека нема симптоми.

Пјаниќ ќе биде во изолација 15 дена, а само после тоа ќе патува во Барселона за да се приклучи на новиот клуб. Босанецот вечерва се огласи на Инстаграм и рече дека се чувствува добро.

“За среќа, јас сум добро и асимптоматичен. Но, научив една работа, тоа е дека ништо не земаме здраво за готово, дури и за работите што ги сметаме рутински. Животот во кој живееме сега нè учи на тоа. Да ги следиме правилата и да внимаваме да не паничиме” напиша Пјаниќ.

loading...

Коментарот под фотографијата го остави официјалниот профил на Инстаграм на Барселона, па тие испратија јасна порака до Пјаниќ.

„Брзо закрепнување, ве чекаме“, му порачаа на Пјаниќ од Барселона.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com