Историски преседан: Шпанија без фудбалер од Реал Мадрид на Светско првенство

Историски момент за шпанскиот фудбал – за првпат од 1930 година, шпанската репрезентација ќе настапи на Светско првенство без ниту еден играч од Реал Мадрид во составот.
Во исто време, вечниот ривал Барселона ќе има дури осум свои фудбалери во националниот тим, што претставува втор најдобар резултат во историјата на клубот на мундијалите. Симболичниот резултат во оваа „битка“ е убедлив – Барселона 8, Реал Мадрид 0.
Досега мадридскиот клуб никогаш не останал без претставник во репрезентацијата на Шпанија за Светско првенство. Дури и во послабите периоди имал барем по еден играч, како во 1950 година. Селекторот Луис де ла Фуенте испиша несакана историја за „кралскиот клуб“.
Во Реал Мадрид имало неколку потенцијални кандидати, меѓу кои Дани Карвахал, Раул Асенсио, Алваро Карерас и Дани Себаљос, но тие не влегле ниту во поширокиот список. Најголеми надежи имале Дин Хаусен, Фран Гарсија и Гонсало Гарсија.
На крајот, за одбраната селекторот се одлучил за Ерик Гарсија, со што и официјално завршила серијата на Реал Мадрид.
Од друга страна, Барселона ќе биде претставена со осум фудбалери: Жоан Гарсија, Пау Кубарси, Ерик Гарсија, Педри, Гави, Дани Олмо, Ламин Јамал и Феран Торес.
Иако историски гледано Реал има повеќе мундијалски настапи со свои играчи во репрезентацијата, вкупната статистика оди во корист на Барселона – каталонскиот клуб низ годините испратил 93 играчи, наспроти 75 на Реал Мадрид.



