По само четири кола, прва тренерска смена сезонава во Премиер лигата
Д М30 авг 2022

Управата на премиерлигашот Борнмаут одлучи да го смени тренерот по поразот од Ливерпул со 9:0. Скот Паркер е прв кој добива отказ по само четири кола сезонава во најсилното фудбалско натпреварување во Англија.
Паркер го презеде Борнмаут пред сезоната 2021/22 и успеа да стигне до го внесе во Премиер лигата.
Оваа сезона тимот предводен од 41-годишен стручњак оствари една победа и три порази, еден од нив убедливиот од Ливерпул.
Гери О’Нил, кој претходно го водеше првиот тим на Борнмаут, ја презеде функцијата привремен тренер.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



