Connect with us

Фудбал

По Сане, Баерн доби уште едно засилување: И двајцата имаат договор до 2025 година

Објавено:

Лерој Сане не е единственото засилување на Баерн на последниот ден од јуни.

Потсетуваме дека Билд објави, а потоа и многу други новинари, дека Баерн се договори со Манчестер Сити за трансферот на Сане, кој ќе потпише договор со Баварците до летото 2025 година.

Исто така, договор до 2025 година потпиша Танги Куаси, кој исто како Сане, веќе е во Минхен.

Куаси се поврзуваше со ПСЖ, а на крајот Хасан Салихамидиќ и неговите соработници направија добра работа и го освоија младиот дефанзивец.

Французинот има само 18 години и потекнува од ПСЖ, но не сакаше да потпише професионален договор со парижаните, реши да се приклучи на германскиот шампион.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама