По важната победа на Интер, Конте рече: Живи сме

Со победата над Борусија Моенхенгладбах (3:2), Интер остана во борбата за пласман во второто коло од Лигата на шампионите.
Многу вредна победа оствари синоќа тимот на Антоне Конте, кој беше многу задоволен по мечот.
“Целосно заслужена победа. Можевме да ги избегнеме проблемите што ги имавме на крајот од натпреварот. Го победивме лидерот на групата и сè уште сме живи. Благодарение на играчите, тие имаа вистински став. Тие беа вистинската екипа, а кога се такви му создаваат проблеми на противникот”, рече Конте, додавајќи:
“Лошо реагиравме кон крајот на првото полувреме, па анализиравме некои ситуации на пауза. На момците им требаше моја поддршка, им реков дека треба да продолжиме во истиот дух и дека треба да го вратиме нивото на играта на нивото што го имавме на почетокот на натпреварот, тогаш ќе бидеме наградени со победа и драго ми е што бев во право “, додаде тренерот на Интер.
Да потсетиме, Интер е на последното место во групата со 5 освоени бода, но доколку триумфира во дуелот со Шахтјор во последното коло, а Реал и Борусија не ремизираат, ќе се пласираат во следната фаза од натпреварувањето.



