SportM
Фудбал

По Влаховиќ, Бешикташ тргнува по уште еден играч на Јувентус, конкуренција му е Милан

SPORTM.mk19 авг 2026
По Влаховиќ, Бешикташ тргнува по уште еден играч на Јувентус, конкуренција му е Милан

Откако го осигураа трансферот на Душан Влаховиќ, кој одби да го продолжи договорот со Јувентус, Бешикташ е во офанзива и за уште еден играч од „белите“.

Станува збор за аргентинскиот играч од средниот ред Нико Гонзалес, кој се врати во Јувентус ова лето, по позајмицата за една сезона во Атлетико Мадрид. Бидејќи двата клуба не успеаја да се договорат за конечниот трансфер, Гонзалес се врати во Торино и моментално е под наредбите на Лучано Спалети, но не за долго.

Винченцо Италијано инсистира на Гонзалес во Бешикташ. Турскиот клуб е подготвен да поднесе понуда за позајмица со можност за откуп, иако Јувентус повеќе претпочита целосна продажба. Од друга страна, за Аргентинецот има интерес и од Милан, но досега нема конкретна понуда или предлог од „росонерите“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.