SportM
Фудбал

Почина поранешниот јапонски репрезентативец

Д М22 окт 2022
Почина поранешниот јапонски репрезентативец

Денеска беше објавена уште една тажна фудбалска вест.

Масата Кудо, поранешен јапонски фудбалер, почина на 32-годишна возраст.

Кудо беше хоспитализиран на почетокот на октомври поради акумулација на течност во мозокот.

По седум дена беше извршена операцијата на 11 октомври, која беше од висок ризик.

Поранешниот јапонски репрезентативец помина десет дена на интензивна нега, а почина синоќа, потврдија од неговиот менаџер и прес-службата.

Кудо одигра четири натпревари за јапонската репрезентација, а беше и икона на јапонската Џеј-лига.

Во дресот на Кашива постигна 66 гола и важи за еден од најдобрите напаѓачи во лигата низ нејзината историја.

Дел од неговата кариера е изградена надвор од Јапонија, се обиде во МЛС во тимот на Ванкувер и во Австралија во тимот на Бризбејн Роар.

Бројни јапонски спортисти, но и спортски здруженија во Јапонија се збогуваат со овој фудбалер кој за жал не го доби најважниот меч во кариерата.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.