Connect with us

Други спортови

Почнаа првенствените натпревари во пинг понгарската лига

Куманово, 13 септември 2020 (МИА) – По речиси шест месечна пауза од последниот првенствен натпревар и прекинот на првенството од минатата сезона поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, со почитување на сите здравствени препораки за борба против корона вирусот, денес започна првенството во најсилната, Супер лига од пинг понгарското првенство.

Инаку првенството вчера го прогласија за отворено второлигашите Куманово и Крива Паланка кои официјално го одиграа првиот натпревар од ноата сезона. Во овој натпревар поуспешен беше тимот на Крива Паланка со 4:0. Крива Паланка воедно се и најсериозниот кандидат од вторите регионални лиги за пласман во првата лига.

Во супер лигата тимот на Младост 96 кој во оваа сезона го има најсилниот состав во чии редови се повеќекратниот државниот првак Станојковски, Петар Костовски исто така еднократен државен првак, како и Лашкоски и Рикалоски, уште во првиот натпревар убедливо со 4:1 го совладаа најсилниот тим од минатата сезона градскиот ривал Младост со 4:1.

Резултати Прво коло Супер лига:

loading...

Младост 96 – Младост 4:1
Крива Паланка 2007 – Радовиш 2:4
Шампион ФА – Вардар 4:1
Телеком НЕЦ – Работнички 2:4
Телеком НЕЦ 2 – Струга 4:3

Резултатите постигнати во првото коло навестуваат интересна сезона во супер лигата.

Во оваа сезона вкупно 32 клубови се натпрвреваруваат распоредени во четири лиги во машка конкуренција и една лига во женска конкуренција. Неколку од клубовите се натпреваруваат исо своите втори екипи.

Новитет во оваа сезона е формирањето на јуниорската лига, во која ќе учествуваат 15 клубови.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com