Почнува Арена Спорт на македонски јазик, први преноси натпреварите од Светското првенство (ВИДЕО)
Редакција9 јун 2026
Од денеска почнува со работа новиот спортски ТВ канал „Арена Спорт Македонија“ со содржини на македонски јазик. Каналот стартува непосредно пред Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Натпреварите ќе ги пренесува македонски коментаторски тим од искусни новинари. Покрај Мундијалот, ќе емитува и фудбалски, кошаркарски и ракометни натпревари, како и автомото спортови.