SportM
Фудбал

Подготвена „артилеријата“ на Клоп, Инзаги направи големо изненадување во нападот

Д М8 мар 2022
Подготвена „артилеријата“ на Клоп, Инзаги направи големо изненадување во нападот

Ни претстојат два реванш натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Ливерпул во првиот меч го совлада Интер со 2-0, па вечерва има можност да го докаже патот до четвртфиналето на „Енфилд“. Јирген Клоп го изведе најсилниот можен тим со офанзивната линија Салах – Мане – Жота, а тренерот на Интер, Симоне Инзаги не калкулираше премногу.

На Интер му се даваат навистина мали шанси пред овој дуел во Ливерпул, но играчите кои вечерва ќе истрчаат на Енфилд ќе дадат се од себе за да се обидат да приредат мало светско чудо.

Во нападот на Интер ќе играат Лаутаро Мартинез и Алексис Санчез, додека Един Џеко својата шанса ќе ја чека од клупата за резерви.

Инаку, Баерн и Салцбург вечерва го играат вториот натпревар. Во Австрија беше 1:1, а Баварците се фаворити пред овој реванш.

Состави на Енфилд:

Ливерпул: Алисон, Александар-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Тиаго, Фабињо, Џонс, Мане, Жота и Салах.

Интер: Хандановиќ, Шкриниар, Де Вриј, Бастони, Дамфрис, Видал, Брозовиќ, Чалханоглу, Перишиќ, Алексис, Лаутаро.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.