Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ
Редакција1 апр 2025

Фото: tv21m
Во Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ.
Иницијаторите за смена на актуелното раководство на КФСМ се обидоа да му изгласат недоверба на Антиќ во декември минатата година, но не им беше дозволена точката да се стави на дневен ред на Собранието.
Со оглед обезбедена поддршка од мнозинството клубови, се очекува поранешниот македонски репрезентативец, Младен Ѓуроски да дојде на чело на Федерацијата.
Вонредно собрание КФСМ треба да закажи за најдоцна две недели, во спротивно иницијаторите имаат право сами да се организираат.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



