SportM
Фудбал

Подводен спектакл на новата ѕвезда на Барселона (ФОТО)

Д М14 јул 2021
Подводен спектакл на новата ѕвезда на Барселона (ФОТО)

Мемфис Депај неодамна потпиша договор со Барселона.

Холандскиот напаѓач со тоа го исполни својот сон и ќе игра на стадионот „Камп Ноу“, и секако се очекуваат големи работи.

Депај доби малку повеќе слободно време по завршувањето на Европското првенство за да се одмори за нови предизвици, но без тренинг едноставно не можеш.

Одличниот фудбалер се одлучи на многу интересен тренинг. Тој го искористи базенот за да изведува подводни тренинзи, а покрај фудбалот ги покажа и своите боксерски способности.

Депај пристигна во Барселона како слободен агент од редовите на француски Лион.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.