SportM
Фудбал

Погба би го чинел италијанскиот шампион цели 270 милиони евра

Д М21 јан 2020
Погба би го чинел италијанскиот шампион цели 270 милиони евра

Бјанконерите имаат за цел да го вратат францускиот играч од средниот ред ова лето во Италија. Реал Мадрид исто така покажа интерес за Погба.

Јувентус сериозно размислува за враќање на Пол Погба во Италија.

Францускиот играч од средниот ред имаше успешно искуство во Торино и потоа се врати во Манчестер Јунајтед.

Сега, клубот од Серија А сака да го врати светскиот шампиони со Франција.

Италијанскиот весник „Tuttosport“ пренесува дека Погба би го чинел италијанскиот шампион цели 270 милиони евра.

Оваа сума го вклучува и договорот на играчот, кој чини 150 милиони евра, плус плати и други обврски за четиригодишниот договор.

Јуве првично планира да продаде еден играч за да заработи пари за купување на Погба следното лето.

Французинот се очекуваше да го напушти „Олд Трафорд“ минатото лето, но на крајот немаше посериозна понуда за него.

Реал Мадрид, наводно, покажал интерес за францускиот играч од средниот ред.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.