SportM
Фудбал

Погба не сме да каже ни збор

Д М3 окт 2018
Погба не сме да каже ни збор

Пол Погба минатата недела се најде во конфликт со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Мурињо смета дека Фрнцузинот, го обезвреди тимот со објавата на Инстаграм по победата над Дерби Каунти во Карабао Купот.

Затоа, му е забрането да дава изјави, што накратко им соопшти на новинарите по натпреварот против Валенсија (0:0).

“Не ми е дозволено да давам изјави”, рече Погба, а потоа продолжи понатаму.

По конфликтот со Мурињо, шпекулациите за можното заминување од клубот започна повторно, а повторно се поврзува со Барселона, Јувентус и ПСЖ.

Што на крајот ќе се случи со Манчестер Јунајтед и Погба најверојатно ќе видиме во наредните месеци.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.