Погба: Ние веќе не сме најдобриот тим во светот
Д М7 сеп 2021

Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба изјави дека „триколорите“ повеќе не се најдобрата селекција на светот.
„Помина многу време откако победив натпревар со Франција. Ми недостига ова време, на сите ни недостасува. Ние веќе не сме најдобриот тим во светот. Мораме да смениме се и да бидеме поагресивни. Треба да вложиме повеќе напор и да ставиме повеќе желба во играта“, изјави Погба за „Марка“.
Последен пат Французите ја победија Германија (1:0) на 15 јуни на Еуро 2020.
Вечер од 20:45 часот, Французите ќе играат против Финска во квалификациски меч за Светското првенство 2022 година.
Во моментов, француската репрезентација е на првото место во Д-групата со 9 бода.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



