SportM
Фудбал

Погба одбива да игра за Јунајтед затоа што во јануари сака да замине во Шпанија

Д М25 ное 2019
Погба одбива да игра за Јунајтед затоа што во јануари сака да замине во Шпанија

Пол Погба го одигра својот последен натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед на крајот на септември кога екипата на „Олд Трафорд“ играше против Арсенал.

Французинот се повреди и не игра од тогаш, а според последните извештаи на медиумите во Шпанија, тој можеби нема ниту да игра повторно за Јунајтед.

Поточно, шпанското радио „Копе“ пренесува дека Погба прави се што може за да го напушти „Олд Трафорд“ во јануари и да се пресели во Реал Мадрид.

Погба, исто така, одбива да се врати во првиот тим на Јунајтед и покрај тоа што се опорави од повредата.

Солскјер минатата недела тврдеше дека Погба ќе се врати до крајот на годината, но сепак не може да тренира.

Сепак, Французинот неодамна играше кошарка со sвездата на НБА Џими Батлер, но одбива да се врати на терените затоа што не сака да ризикува повреда што може да го уништи неговиот трансфер во јануари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.