Connect with us

Фудбал

Погба сигурно ќе го напушти Манчестер на крајот од сезоната

Англиските медиуми пренесуваат дека Пол Погба сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната.

Договорот на Погба истекува на крајот од сезоната и соработката нема да биде продолжена.

Французинот пристигна во Јунајтед од Јувентус во 2016 година за рекордни 105 милиони фунти, но не покажа многу.

Тој често имаше проблеми со повредите, а интерес за него веќе подолго време покажува Реал Мадрид, но и поранешниот клуб Јувентус. Тој поради повреда на бутниот мускул нема да биде на терен до крајот на оваа година.

Наводно, Погба неодамна се сретнал со својот менаџер Мино Раиола, на која јасно му кажал дека сака да се врати во редовите на „Старата дама“, но и покрај взаемната желба за соработка, работата нема лесно да се реализира.

Проблем се примањата на Погба, односно Јувентус не може да се приближи до понудата на Јунајтед од 14 милиони евра годишно, додека Реал Мадрид може да ја изедначи таа понуда.

Но, желбата на Погба е Јувентус, како што веќе кажа Раиола, па најверојатно во наредните месеци ќе следат преговори за да се доближат позициите и да се постигне конечен договор.

Реклама

Facebook

Реклама