SportM
Фудбал

Погледнете како Лионел Меси на еден меч постигна четири рекорди кои се забележани во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Редакција23 јун 2026
Погледнете како Лионел Меси на еден меч постигна четири рекорди кои се забележани во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Лионел Меси против Австрија, два дена пред својот 39-ти роденден, постави дури четири рекорди кои веднаш беа запишани во Гинисовата книга на рекорди.

Во победата на Аргентина со 2:0, Меси ги постигна двата гола и со тоа постави нови рекорди на светските првенства.

Меси во 38. минута ја доведе Аргентина во водство, а тоа беше неговиот 17-ти гол на светските првенства, со што го надмина Мирослав Клосе на вечната листа.

Во петтата минута од судиското продолжение на второто полувреме, Меси истрча контранапад, му ја додаде топката на Хулиан Алварз, чиј удар беше одбранет од голманот на Австрија. Топката потоа се одби до Меси, кој од втор обид погоди и го постигна својот 18-ти гол на светските првенства. Гинисовата книга на рекорди официјално потврди дека Меси поставил четири нови светски рекорди.

Со 18 голови тој стана најдобар стрелец во историјата на светските првенства, одигра најмногу натпревари (28), оствари најмногу победи (18) и помина најмногу минути на терен на мундијалите (2.489).

„Сведочиме на историја“, кратко порачаа од Гинисовата книга на рекордите по повод најновите успеси на Меси на неговото шесто Светско првенство.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.