SportM
Фудбал

Погледнете како Лукаку го имитираше Доналд Трамп (ВИДЕО)

Редакција7 јул 2026
Погледнете како Лукаку го имитираше Доналд Трамп (ВИДЕО)

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку се погрижи да остане запаметен по синоќешниот натпревар на неговата селекција против САД во осминафиналето на Светското првенство.

„Црвените ѓаволи“ во Сиетл убедливо ги совладаа САД со 4:1 и се пласираа во четвртфиналето, каде што ќе се соочат со Шпанија.

Искусниот напаѓач влезе во игра во 67. минута, а во судиското продолжение го постигна четвртиот гол и ја потврди победата на Белгија. По погодокот, неговата прослава стана вирална бидејќи го имитираше американскиот претседател Доналд Трамп.

Лукаку дотрча до трибините, ги стави рацете на ушите како знак дека „не слуша“, а потоа заедно со соиграчите го одигра препознатливиот танц поврзан со Трамп.

Натпреварот, сепак, остана во сенка на контроверзи, откако ФИФА, според наводите во текстот, под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, ја укинала суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун.

Балогун доби црвен картон на натпреварот против Босна и Херцеговина, но суспензијата му била одложена, што му овозможило да настапи против Белгија. Сепак, ниту неговото присуство не беше доволно за да го спречи поразот на американската репрезентација.

Сподели

Поврзани вести

Торино-Милан и рекордната купопродажба која ја потресе Италија

Торино-Милан и рекордната купопродажба која ја потресе Италија

Флик ја остава неизвесна иднината на двајца од стартерите: Треба да почекаме…

Флик ја остава неизвесна иднината на двајца од стартерите: Треба да почекаме…

Од Работнички во Лидс, младинскиот репрезентативец на Македонија потпиша тригодишен договор

Од Работнички во Лидс, младинскиот репрезентативец на Македонија потпиша тригодишен договор

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.