Погледнете со каков сувенир се врати Халанд од Америка (ВИДЕО)

Иако репрезентацијата на Норвешка го заврши својот настап на Светското првенство со пораз во четвртфиналето од Англија (2:1), нивната најголема ѕвезда Ерлинг Халанд се погрижи дома да не се врати со празни раце.
Напаѓачот на Манчестер Сити привлече огромно внимание во јавноста кога на аеродромот во Осло беше фотографиран како носи прилично необичен сувенир – препариран ракун кој во шепите држи шише со алкохол. Сцената беше снимена и од државната телевизија.
Erling Haaland arrived back in Norway with an unusual souvenir from the World Cup… pic.twitter.com/n0e0YjN15t
— Match of the Day (@BBCMOTD) July 13, 2026
За време на престојот во Соединетите Американски Држави, 25-годишниот напаѓач максимално го искористил слободното време за да ја запознае локалната култура. Во Далас, Тексас, купил каубојски чизми и неколку персонализирани каубојски шешири, но апсолутна ѕвезда на неговата колекција стана токму споменатиот ракун.
Се претпоставува дека Халанд оваа необична креација ја купил во познатата продавница „Wild Bill’s Western Store“ во Далас, каде што на нивната веб-страница идентичен примерок се продава за 750 долари.
Норвежанецот и самиот се пошегува на социјалните мрежи. На платформата X објави фотографија од ракунот со опис дека животното „го следело до дома“.
Претходно, на Snapchat сподели фотографија од истиот ракун во друштво на две верверички кои „пијат пиво“, нарекувајќи ги легенди.



