Покажа кој е шеф: Тен Хаг брутално ги казни и понижи играчите на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед на очаен начин ја отвори новата сезона во Премиершип, а тимот на Ерик тен Хаг викендов доживеа вистинска бламажа против Брентфорд.
„Црвените ѓаволи“ ги шокираа своите навивачи со нова очајна претстава, бидејќи во саботата беа поразени на гостувањето кај Брентфорд со 4:0 и покажаа дека и оваа сезона очигледно нема да биде премногу баснословна.
За Манчестер Јунајтед ова е втор пораз во низа на стартот од сезоната, бидејќи овој тим во првото коло на домашен терен неочекувано беше поразен од Брајтон со 2:1.
Овие натпревари најдобро покажаа дека Тен Хаг го очекува исклучително тешка работа во Манчестер Јунајтед и дека враќањето на овој клуб во самиот врв на европскиот фудбал е речиси невозможна мисија.
Холанѓанецот го презеде Јунајтед на крајот од минатата сезона по заминувањето од Ајакс и на летните подготовки забележа доста добри резултати, но кога стартуваше новата сезона „црвените ѓаволи“ се вратија на старите навики.
Колку што поразот од Брентфорд ги шокираше навивачите на Јунајтед, толку го шокираше и Тен Хаг. Холанѓанецот не можеше да поверува како неговите играчи го одиграа овој натпревар и реши да направи нешто.
Англиските медиуми синоќа објавија дека Тен Хаг веднаш ги казнил играчите на Јунајтед и им го откажал слободниот ден, а сите играчи вчера морале да се појават во тренинг центарот за да тренираат.
Сепак, тоа не беше доволно за Тен Хаг бидејќи најдоа брутален начин да ги казнат и понижат за тешкиот пораз против Брентфорд.
Имено, фудбалерите на Јунајтед вчера воопшто не работеа со топката и единствена задача на тренингот беше секој од нив да истрча по 13,6 километри. Таа бројка не беше случајна и утрово имаше јасно објаснување зошто толку трчаа.
Статистиката по мечот во саботата покажа дека играчите на Брентфорд за 90 минути истрчале точно 13,6 километри повеќе од тимот на Манчестер Јунајтед, а Тен Хаг тоа го искористил за жестоко да ги казни своите играчи.
Фудбалерите на Јунајтед наместо да се одморат и да поминат време со семејството, мораа да тренираат поради срамот против Бретфорд, па дури и да истрчаат 13,6 километри како казна.
Фудбалерите на Јунајтед за седум дена ќе имаат шанса да се откупат за очајните игри во првите две кола кога ќе го пречекаат најголемиот ривал Ливерпул во големото дерби на „Олд Трафорд“.



